МОМЕНТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ: Милатовиќ им се обрати на црногорците по победата на изборите, a со него Мандиќ и Абазовиќ!

Голема и убедлива победа.

Пред граѓаните од изборниот штаб вечерва се обрати победникот на изборите во Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

– Вечерва е ноќта што ја чекаме повеќе од 30 години, нека ни е среќа оваа победа –  рече Милатовиќ.

Дритан Абазовиќ сега е во седиштето на Движењето Европа. Да потсетиме, Милатовиќ во второто коло го победи лидерот на ДПС, Мило Ѓукановиќ.