Момчето-убиец се обидело да побегне од клиниката каде што бил сместен – полицијата го фатила во последен момент?!
Тој се обидел да избега само неколку дена откако сведочел преку видео врска
Момчето убиец (14) кое на 3 мај уби девет ученици и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ се обидел да побегне од Детската клиника за неврологија и психијатрија на Клиничкиот центар на Србија.
За среќа во последен момент бил фатен од полицијата која ја обезбедува внатрешноста на болницата.
Како што пишува Информер, малолетниот масовен убиец се обидел да побегне само неколку дена откако преку видео-врска сведочел во врска со обвинувањата дека неговиот татко лошо го обезбедил оружјето со кое момчето убиец подоцна го извршил масакрот.
-Полицајците кои се во самата болница и го обезбедуваат момчето во еден момент слушнале бучава. Тие веднаш се упатија во правец на бучавата. Следел шок кога го виделе момчето убиец како се обидува да побегне. За среќа, полицајците го фатија и сега безбедносните мерки се на уште повисоко ниво – изјави извор на Информер од истрагата.