Британците обучуваат Украински специјалци на нивна територија за решавачката битка во војната: 2.000 команданти планираат инвазија на Крим до Божиќ !?

Станува збор за членови на елитната бригада на специјалните сили чија обука се изведува во Девон, на југозападниот дел од Велика Британија, пишува весникот Sunday Express.

Британски инструктори обучуваат елитна украинска единица чија цел ќе биде да помогне во ослободувањето на Крим, објави Sunday Express, повикувајќи се на добро информирани извори!

Владимир Зеленски
Володимир Зеленски и Риши Сунак

Ослободувањето на полуостровот Крим е една од главните воени цели на Украина, а претседателот Володимир Зеленски тоа го истакна во неколку наврати досега.

Украинските војници речиси секојдневно го напаѓаат Крим со помош на беспилотни летала, а неодамна и мостот на Крим, кој го поврзува полуостровот со Русија, беше цел на жесток напад на поморски дрон.

Британскиот весник наведува дека повеќе од 2.000 припадници на елитна украинска специјална единица се обучуваат во базата во Девон на југоистокот на Велика Британија и дека пред големиот празник Божиќ треба да бидат ангажирани во операцијата за ослободување на Крим.

Оваа бригада ќе биде врвот на копјето и ќе има поддршка од другите единици. Операцијата за ослободување на Крим ќе опфати удари од воздух, копно и море, додека оклопните единици ќе се обидат да ја пробијат руската одбранбена линија со поддршка на ракети со долг дострел“, пишува споменатиот весник.

Неименуван висок функционер на британската Армија рекол дека британските инструктори имале за цел да ги научат трупите во Украина како да ги користат тактиките на НАТО за да го обликуваат борбениот простор пред да започне решавачкиот напад.