МОМЧЕ ХЕРОЈ ИЗВЛЕЧЕНO ОД УРНАТИНИТЕ ОБЛЕЧЕНO ВО ДРЕСОТ НА СВОЈОТ САКАН КЛУБ: „И ПО 120 ЧАСА СЕ УШТЕ ВЕРУВАМЕ ВО ЧУДА“
16-годишникот заспал во дресот на Фенербахче, а по трагедијата ги прашал спасувачите кој ден е
Турците, Сиријците и Либанците тагуваат по жртвите од страшните земјотреси што ја погодија областа на почетокот на неделата. До овој момент се потврдени повеќе од 25.000 мртви, а надежта дека ќе се најдат повеќе преживеани во урнатините на Газиантеп и другите градови се намалува. Сепак, една приказна е позитивна.
Имено, 16-годишната Камилџан Агдас по 119 часа била извлечена од урнатините во Кахраманмараш. Тој немал сериозни повреди, па набрзо бил префрлен во болница на тестови. Еден интересен детал многумина го забележаа, а тоа е дека го носеше дресот на турскиот фудбалски клуб Фенербахче.
Кој ден е денес? Заспав во дресот на Фенербахче бидејќи го гледав натпреварот претходната вечер – изјави Агдас.
После тоа се огласија од клубот и испратија порака до својот навивач.
„Во 119. час повторно сме во солзи, уште еднаш веруваме во чуда! Имаме уште многу натпревари пред нас, ве чекаме од Камилчан“, изјави Фенер.