„МОРАМЕ ДА ГИ ИЗБРИШЕМЕ ОД ЛИЦЕТО НА ЗЕМЈАТА“ Москва повика на употреба на нуклеарно оружје против Украина (ВИДЕО)

Соловјов додаде дека не може да „најде логично објаснување“ зошто руските сили не треба да одговорат со помоќно оружје.

Владимир Соловјов, пропагандист на рускиот претседател Владимир Путин, се осврна на извештаите дека украинските проектили оштетиле мост на Крим.

Руската војска го зазеде полуостровот Крим од Украина во 2014 година, а нападите врз регионот ескалираа во последните месеци. Вчера руските власти објавија дека украинските сили го оштетиле мостот Чонгар, кој поврзува делови од Херсонската област под руска контрола со Крим.

Украинските власти директно не презедоа одговорност за нападот, но портпаролката на украинската војска Наталија Кумениук на националната телевизија зборуваше за нарушувањето на руската логистика. Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Соловјов постојано ја повикува Русија да користи тактички нуклеарни бомби во војна.


Тој во оваа прилика рече дека нападот на Крим е уште еден пример зошто Русија треба да користи такво оружје.

  • Немаме друга опција. Мораме да ги избришеме од лицето на Земјата. Нивните центри за одлучување, а не украинскиот народ. Но, никој во нивното раководство нема да смее да се чувствува удобно. Забележете како ни зборуваа дека е тешко нивните мостови да бидат погодени. Тие удираа во нашите мостови, но ние не ги удираме нивните – рече Соловјов.

Тој додаде дека не може да „најде логично објаснување“ зошто руските сили не треба да одговорат со помоќно оружје.

  • Не разбирам зошто не го користиме целиот арсенал и се што имаме. Зошто секој пат си смислуваме некои ограничувања за себе? Ако нашите тактички нуклеарки ни даваат предност, можеби е време? Можеби едноставно треба да се искористат – изјави тој.