Морничава сцена над Доњецк: Погледнете го безмилосниот судир на МиГ-29 и Су-35 на небото на Украина! За едниот немаше спас (ВИДЕО)

Застрашувачкиот момент кога борбениот авион на Вооружените сили на Украина се претвори во блескава топка откако беше погоден од руски проектил, го сними камерата!

Шокантното видео покажува како украинскиот МиГ-29, кој го следел руски борбен авион Су-35С, бил погоден со ракета воздух-воздух Вимпел Р-37, или „секира“ АА-13, управувана од далечина.

Украински борбен авион се запалил, а црна трага од чад останала на небото додека леталото паѓало. Загина мајорот Андреј Ткаченко (33) од Лавов.

Воздушната битка се случила во петокот над Доњецк, но снимката дури сега се појавила на социјалните мрежи.

Ткаченко, татко на едно дете, е на должност од почетокот на конфликтот во Донбас во 2014 година.