Морничаво откритие во Полска: Пронајдени остатоци од дете од 17 век, а еден детаљ предизвикува морници (фото)

Археолозите во Полска истражувале гробишта во селото Пењ на северот од земјата, кога пронашле необична работа.

Во еден гроб од 17 век се пронајдени останки на „оковано дете“, што ги илустрира древните верувања во натприродното.

Треба да се напомене дека зборуваме за време кога на духовите, вампирите и разните привиденија се гледаше многу посериозно отколку денес.

,,Ова се гробишта за отфрлените луѓе, од кои се плашеа по смртта, а можеби и за време на животот. Тие беа осомничени дека имале контакти со ,,нечисти” сили, луѓе кои исто така на некој начин се однесувале поинаку“, објасни истражувачот Дариус Полински.

Експерт од Универзитетот „Никола Коперник“ во Торун истакнува дека детето било закопано со лицето надолу, додека под коските на стапалата биле откриени железни окови.

,,Тој најверојатно бил поставен да го спречи покојникот да го напушти гробот и да се храни со живите“, вели Полински.

Археолозите пронашле други методи кои биле користени за да се запрат „живите мртовци“, пренесува Ројтерс.

„Постојат голем број гробови со камења поставени на различни места, како лактот, гркланот или вратот на покојникот. Служат за заштита на живите од него“, прецизира експертот.