3 најсилни антибиотици за кои не ви треба рецепт! Природата е најдобрата аптека (фото)

Растенијата со силен мирис и вкус имаат силно антибактериско дејство, затоа користете ги како додаток во оброците или пијалоците.

Плодовите на природата од памтивек се користат за зачувување на здравјето и помош при разни болести, а повеќето лекови на современата медицина се базираат токму на корените, лисјата, цветовите, плодовите и минералите кои нè опкружуваат.

Зајакнете го вашиот имунитет со три од најмоќните природни антибиотици.

Mасло од оригано

Ова магично масло се добива од листовите на растението оригано. Покрај неговиот мирис и арома кои совршено се комбинираат со многу јадења, бројни студии покажаа дека маслото од оригано е моќен борец против инфекции благодарение на состојката наречена карвакрол.

Многу мала доза од ова масло има антибактериски својства против дури 25 различни видови бактерии.

Дозирање: три пати на ден додадете една до четири капки во шолја чај или чаша цеден сок.

Лук

Се додава во оброците во форма на прав или ситно сецкан. Неговиот силен мирис го прави совршен зачин, а познато е дека е одличен природен антибиотик кој не ги уништува нашите здрави бактерии, како што тоа го прават хемиските антибиотици.

Неговата состојка алицин го забавува растот на бактериите и го спречува развојот на габите, па затоа е многу ефикасен како лек против настинка и грип.

Дозирање: две до четири лажици дневно како додаток на оброци или салати. Оние на кои не им пречи мирисот и вкусот, можат да го јадат сиров.

Лути пиперки

Лутите или чили пиперките уште од античко време ги препорачува кинеската алтернативна медицина како аналгетик за болки и како антибактериски агенс. Сушени, а најчесто мелени, поради вкусот одлично оди со многу јадења и десерти, а се користат главно како зачин.

Дозирање: пола кафена лажичка дневно како додаток на оброк.