Морничав ТикТок тренд: Какви родители сте вие, каде оди овој свет?! Ова е страшно! (ВИДЕО)

Еден од најновите бизарни трендови на TikTok #eggprank обично вклучува родител и мало дете кои заедно подготвуваат оброк во кујната. Во еден момент, родителот зема „живо“ јајце, му кажува на детето дека ќе го скрши, но наместо од тврд предмет, родителот го крши јајцето на главата на детето.

Реакциите на децата се различни, но голем дел од децата делуваат вознемирени, многумина се расплакаа, а некои возвратија со кршење јајце на главата на родителите. Но, и покрај сè, трендот брзо стана вирален.

Медицинските експерти предупредуваат дека оваа шега може да има несакани ефекти, вклучувајќи модринки и ширење на бактерии.

– Банално е да кршите јајца од главата на децата. Тоа може да има негативнинпоследицинкај нив. Ова не е нешто што на кој било начин им користи на децата, мислам дека не е ниту забавно“, вели д-р Меган Мартин, педијатриски консултант за итна медицина.

Нејзината колешка Аманда Матерс го испроба овој предизвик на себе и заклучи „дека е многу тешко да се скрши јајце дури и на возрасен, целосно развиен череп“.

И двајцата се согласуваат дека децата би можеле да забележат штетно однесување од оваа шега бидејќи мозокот на малите деца сè уште се развива и тие се како сунѓери, па затоа внесуваат сè што се случува во нивната околина.

Засега не е јасно од каде започна предизвикот на TikTok. Некои вирални видеа што се појавија на почетокот на август покажуваат возрасни кои учествуваат во предизвикот. Портпаролот на TikTok одби да коментира.