Украинската ПВО одбива руски воздушен напад на периферијата на Киев

– Украинската противвоздушна одбрана го одбива рускиот воздушен напад на периферијата на Киев, кој започна рано утринава, јавија светските агенции, повикувајќи се на воената администрација на украинската престолнина.

Извор сведочеше за агенциите дека слушнал звук од експлозии. Воздушна тревога е активирана низ цела Украина во 5 часот изутринава.