НАТО ИСПРАЌА ВОЈНИ ВО КОСОВО! Столтенберг се огласи по средбата во Приштина: Ќе направиме што е потребно

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг беше во посета на Косово.

– Ќе направиме сè што е потребно за да обезбедиме безбедна средина за сите луѓе на Косово – изјави денеска во Приштина Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи.

Тој ги поздрави неодамнешните предлози за формирање на ЗСО , наведувајќи дека тоа ќе биде клучен чекор кон нормализирање на односите и и’ рече на Приштина дека секое распоредување на КБС и полицијата на север бара координација со КФОР.

– Ова е многу важен состанок за безбедносната ситуација во Косово и во регионот по она што се случи во септември – рече Столтенберг, кој на почетокот на својот говор изјави дека е задоволен што е во Приштина.