„ИМАВ ЧАС КОГА ВЛЕЗЕ И ПОЧНА ДА ВИКА“ Студентка од Прага ги опиша СЦЕНИТЕ НА УЖАСОТ за време на масакрот: Одеднаш слушнавме ПУКАЊЕ (ФОТО)

На Филозофскиот факултет во центарот на Прага попладнево се случи масовно пукање во кое, за жал, голем број луѓе загинаа, а многу се ранети, потврди чешката полиција.

Студентка во Прага, која во моментот на пукањето била во зградата на предавање во сала на првиот кат, рекол: „Имав час во главната зграда во салата 131, која е веднаш преку вратата. Учевме нормално и наеднаш влета човек и почна да вика: Полиција, сите надвор! Немавме поим што се случува, ни викаа да излеземе и да ги ставиме рацете над глава, луѓето беа таму со пиштоли, никој не ни даде информации.

– Викаа да бегаме надвор. Се собравме и ја напуштивме зградата. Мислевме дека некој пријавил бомба.

Наеднаш слушнавме истрели и некој како вика дека пукаат.

– Во тој момент сфативме дека се работи за сериозна работа и почнавме да бегаме.

Еден од студентите, Јакоб Вајцман, објави фотографија од забарикадирана врата од училницата на Ксу и напиша: „Во моментов сум забарикадиран во мојата училница во Прага“.

„Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молиме да излеземе живи одовде. Ја заклучивме вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори. По ѓаволите“.