ФОТО | Познатата “Џејмс Бонд девојка“ се соблече гола во пустина и ја разбуди фантазијата на обожавателите: Има 57 години, а се уште изгледа како тинејџерка

Познатата актерка Хали Бери позираше во пустина во чипкаста долна облека и со фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи предизвика бурни реакции.

Хали Бери изгледа се подобро и тешко е да се поверува дека таа веќе има 57 години.

Сега таа уште еднаш предизвика неверување кај обожавателите со разголена фотографија која ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Хали Бери позирала во пустина, во чипкаста долна облека, а фотографијата т.е. објавата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Најубавата жена на светот“, „Легендарна убавица“, „Колку постара, толку подобро“, „Многу секси“, ѝ напишале воодушевените обожаватели во коментарите под објавата.

Хали Бери ја започна својата кариера како модел, а во младоста учествувала на бројни натпревари за убавина, меѓу кои и на изборот за МИС на светот во 1986 година, каде завршила на високото шесто место како претставничка на САД.

Таа ги отвори вратите на Холивуд со нејзината улога во „Boomerang“ во 1992 година, по што следеа многу други улоги кои ѝ донесоа статус на ѕвезда, вклучително како „Џејмс Бонд девојката“ – Џинкс во 2002 година и улогата на жена-мачка во „Cat Woman“ од 2004 година. Во 2002 година го освои Оскарот за најдобра актерка за улогата во филмот „Monster’s Ball“.

Што се однесува до нејзиниот приватен живот, Хали Бери е во брак со музичарот Ван Хант од крајот на 2021 година, со кој се омажи надвор од очите на јавноста за време на нивното патување по Божиќ.