Министерствата за здравство, за финанисии и ФЗО да достават предлог решение за набавка на терапија на пациентите со цистична фиброза

– Владата на денешната 122-ра седница ја разгледа Информација од Министерството за здравство за потребата од обезбедување дополнителни финансиски средства за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје, зa набавка на терапија за пациентите со Цистична фиброза.

Како што информираат од владината прес-служба, заклучено е Министерството за финансии, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да одржат координативен состанок, со цел доставување предлог решение.

Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата.