Трагедија! Се сруши американски хеликоптер! Во него имало 20 маринци, во тек е потрагата по леталото

Најавено е дека австралискиот премиер Ентони Албанезе ќе одржи прес-конференција малку подоцна.

Хеликоптер V-22 Osprey со околу 20 американски маринци се урна во близина на брегот во близина на австралискиот град Дарвин, јавија австралиските медиуми.

Според Sky News Australia, започната е потрага по леталото. Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека инцидентот со авионот со американски воен персонал се случил за време на вежба над областа позната како Северна Територија, објави Ројтерс.

Се додава дека, според првите информации, во леталото немало припадници на австралиските вооружени сили.

Инцидентот се случил, како што е наведено, над островот Мелвил, северно од Дарвин, за време на воена вежба.