МОЌНА ПОРАКА ОД НОВАК ЃОКОВИЌ: Што напиша Србинот на камерата по победата? (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфално го стартуваше учеството на Индијан Велс.

Тој во второто коло го совлада Александар Вукиќ со 6:2, 5:7, 6:3 , а по мечот имаше можност да остави порака пред камера и тоа го направи на два јазика.

По натпреварот му донеле маркер и побарале да остави порака на камерата, а тој тоа го направил на два јазика.

– Ајде да одиме во IW Desert Rose – напиша Ѓоковиќ.

Новак во следното коло ќе игра против Италијанецот Лука Нарди кој со 6:3, 3:6, 6:3 го совлада Кинезот Јижен Жанг.