Тепачка во Серија А: Тренерот на Лече удри со глава играч на Верона по мечот, судијата донесе уште побизарна одлука

Своевиден скандал ја тресе Серија А по денешниот натпревар меѓу Лече и Верона кој му припадна на гостинскиот тим, а кој победи со 0:1 во важната пресметка во долниот дел од табелата на италијанскиот шампионат.

По натпреварот, тренерот на Лече, Роберто Даверса, направи срамен потег, отиде до напаѓачот на Верона, Томи Анри и го удри со глава, поради што Французинот падна на земја.

Настана гужва и туркање, а главниот судија на овој меч, Даниеле Цифи донесе одлука која сега е на удар на италијанската јавност, бидејќи му покажа црвен картон на играчит на Верона?!

Одлуката во врска со тренерот на Верона сe уште се чека, бидејќи судијата Цифи не успеал ни да види што се случило, па не донел никаква одлука во врска со неговиот гест.

Се очекува италијанската фудбалска федерација и Судиската комисија да реагираат и да ја исправат оваа ситуација, односно тренерот на Верона секако да се соочи со огромна казна, како парична, така и потенцијално во форма на суспензија.