Моќниот Т-90М падна во амбис за време на битката: Извидувачки дрон ја сними драмата кај Бахмут – екипажот истрча секунда пред експлозијата (ВИДЕО)

Руски тенк Т-90М падна од карпа откако се обидел да избега од украински напад.

Извидувачки дрон на Вооружените сили на Украина сними видео на кое се гледа како еден од најмодерните руски тенкови се повлекува низ полето до карпа каде на крајот се урна. Засега не е јасно дали екипажот не ја забележал карпата навреме или имало дефект во контролите.

На видеото се гледаат и војници како бегаат од превртен тенк што украинската 80-та воздушна јуришна бригада брзо го уништи со помош на беспилотно летало камиказа.

Видеото неодамна е снимено кај Клешчејевка кај Бахмут.