МОЌТА НА ЦРЕШИТЕ – Поефикасни од една таблета аспирин, одлични за сузбивање на симптомите на астма и алергија а најдобри се во ЕДНО
Се верува дека татковината на предците на црешите е Мала Азија, а благодарение на римскиот генерал Лукулус ова овошно дрво пристигнало во Рим, а потоа се проширило низ Европа. Римјаните одгледувале осум различни видови, а денес ги има близу 1.500. Римските војници верувале дека овие слатки, месести бобинки ја зголемуваат енергијата и силата, а денес е докажано дека се многу богат извор на здравје.
Црешите се одличен извор на витамини А, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц и К и минерали калиум, калциум, железо, бакар, манган, магнезиум, фосфор и цинк. Тие содржат диетални влакна, целулоза, пектин, органски киселини (јаболкова, лимонска, винска) и некои протеини и јаглехидрати. Поради богатството на антиоксиданси, црешите се одлични борци против слободните радикали, кои предизвикуваат повеќекратна штета на човечкото тело.
Тие се особено богати со антоцијани и проантоцијани. Овие антиоксиданси се одлични сојузници во сузбивање на симптомите на астма и алергија, а познати се и како моќни природни антиинфламаторни агенси. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Вермонт, САД, докажа дека антоцијаните ефикасно го ублажуваат воспалението на мускулите и грчевите во нозете.
Заштитува од рак
Црешите се богати со лутеин, зеаксантин и бета-каротин – соединенија кои се познати „чистачи“ на слободните радикали, потврдени причинители на рак, а содржат и растителен пигмент кверцетин. Поради силните антиканцерогени својства, ова соединение придонесува за превенција од рак.
Тие го чуваат твоето срце
Црешите содржат калиум, кој значително придонесува за здравјето на срцето. Јадењето храна богата со овој минерал може да помогне во регулирањето на крвниот притисок, отчукувањата на срцето и електричната активност во срцето. Освен тоа, магнезиумот кој се наоѓа во црешите придонесува за зачувување на срцевите функции. Помага во регулирање на отчукувањата на срцето, го намалува ризикот од срцев удар и го подобрува закрепнувањето по срцев удар.
Ја намалуваат физичката и психичката исцрпеност
Плодовите од цреша имаат способност да ја намалат или целосно да ја елиминираат болката и физичката и психичката исцрпеност. Истражувањето спроведено од Универзитетот за здравје и наука во Орегон во Америка покажа дека спортистите кои пиеле сок од цреша пред трката на долги патеки имале помалку болки во мускулите по трката. Исто така, студија на Универзитетот во Лондон покажа дека пиењето сок од цреша може да врати дури 90 проценти од силата изгубена за време на спортски активности или тешка физичка работа во рок од 24 часа. Според експертите, 20 цреши се поефикасни од една таблета аспирин.
Ги штити вашите бубрези
Со оглед на тоа дека црешите се одличен диуретик, тие се користат за чистење на бубрезите. За чисти бубрези ќе ви требаат стебла од цреша. Од нив се подготвуваат чаеви кои се користат за растворање на камења во бубрезите, чистење на уринарниот тракт, за зголемено излачување на урината, како и за воспаление на бубрезите и уринарниот тракт. За да подготвите чај, измијте и ситно исечкајте грст ливчиња, а потоа ставете ги во литар топла вода и варете две минути. Оставете го чајот да отстои 15 минути, а потоа процедете и испијте.
Одлични се за слабеење
Црешите имаат многу малку масти и се нискокалорични, имено, 100 грама цреши имаат само 63 калории. Истражувачите од Универзитетот во Мичиген тврдат дека антоцијаните од темните цреши можат да го намалат количеството на маснотии во стомакот и да го намалат нивото на холестерол и шеќер во крвта.
Нема знаци на стареење
Благодарение на нивниот состав, црешите можат да ви помогнат да го забавите појавувањето на знаците на стареење како што се брчките, целулитот, сува кожа и коса итн. Имено, тие се добар извор на витамин А, во форма на бета-каротен, кој игра важна улога во многу функции на телото. Бета-каротинот го промовира растот на коските и забите, ја одржува кожата здрава и штити од инфекции.
Црешите, сокот од вишни како и чајот од нивните стебленца се користат во народната медицина за нега и обновување на сувата кожа и за отстранување на темните кругови.
Маска за лице од цреша
Оваа маска за лице ќе ја ревитализира вашата кожа и ќе ги исчисти порите. Она што ви треба се зрели цреши без јазли. Изгмечете ги и нанесете тенок слој на лицето, а покријте го со газа. Оставете 15 минути и измијте го лицето со млака вода.