– Во Травник, БиХ, осамна мурал посветен на легендарниот босанско-хрватски тренер Ќиро Блажевиќ. Неговиот роден град на тој начин му оддаде последна почест.
„Отсекогаш со голема гордост и достоинство се фалев дека сум од Травник“, стои на муралот до ликот на Ќирo кој во раката држи голем клуч од Градот Травник.
Ќиро во своите изјави често го спомнуваше градот од каде што потекнува.
– Секако дека сум подобар од него (италијанскиот менаџер Фабио Капело, б.п.). Да тргнеше од Травник, тој немаше да стигне ни до турбето!, рече еднаш Блажевиќ на шега за својот колега од Италија.
Мирослав Ќиро Блажевиќ почина на 8 февруари годинава, на 88-годишна возраст, по долго боледување.