Навивачите на Ливерпул закачија порака за Палестина во дербито, Салах не ги прослави головите

Во дербито на Мерсисајд меѓу Ливерпул и Евертон, кое заврши 2:0 за црвените, домашните успеаја да испратат пораки за поддршка на Палестина.

Мохамед Салах постигна два гола доцна за да му донесе вредна победа на својот тим во дербито. Египјанецот и претходно повика да се стави крај на израелскиот терор врз Палестинците, а сега на уникатен начин го привлече вниманието на ужасите што се случуваат таму.

Салах не сакаше да ги слави своите голови и на тој начин ја изрази својата солидарност со Палестинците кои страдаат од ден на ден.

Во исто време, на најжестоката трибина на навивачите на Ливерпул беше истакната порака за поддршка на палестинскиот народ.

На црното знаме пишува: „Побогу, спаси ја Газа“ и тоа во првиот ред на трибините. Исто така, на стадионот беа донесени и истакнати бројни палестински знамиња, а пред почетокот на натпреварот беше одржано едноминутно молчење.

Инаку, градот Ливерпул ја има една од најголемите муслимански заедници во Велика Британија. Како најголемо пристаниште, отсекогаш бил мултиетнички главен град на Британија.