Навивачите поради ова уште повеќе ќе го мразат! Нејмар го запали Париз со шокантна изјава – зборовите ги разлутија фановите на клубот: “Нема љубов таму…“

Иако многумина мислеа дека Бразилецот Нејмар летово ќе ги напушти редовите на францускиот гигант, тоа нема да се случи.

Лионел Меси си замина од Париз, а слична судбина се поверојатно е дека ќе го снајде и Килијан Мбапе, но затоа славниот Нејмар нема да ја менува средината.

Добро е познато дека односот меѓу Нејмар и навивачите на Пари Сен Жермен не е баш одличен, но тоа не влијаеше на неговата конечна одлука.

Следната сезона ќе бидам во ПСЖ, иако нема многу љубов меѓу мене и навивачите. Имам договор, а досега никој ништо не ми кажал за заминување. Смирено го чекам почетокот на сезоната“, изјавил Нејмар за CazeTV.