НАДАЛ СЕ ВРАЌА НА ТЕРЕНОТ! Шпанецот донесе одлука и ги воодушеви навивачите – еве на кој турнир ќе игра!

Навивачите на Рафаел Надал наскоро повторно ќе го видат својот фаворит на теренот…

Имено, шпанскиот ас на крајот на следниот месец реши повторно да игра тенис, со оглед на тоа што ќе учествува на турнирот во Доха, каде титулата ја брани Данил Медведев.

Да потсетиме, Надал реши да се повлече од Австралија опен поради пукнатината на мускулот што го доживеа во Бризбејн.

На тој турнир ги победи Доминик Тием и Џејсон Кублер, пред да биде поразен од Џордан Томпсон.

Самиот Надал истакна дека негова главна цел остануваат турнирите на земјена подлога, пред се Ролан Гарос и Олимписките игри.