Над 1 милион луѓе на протестите низ Франција против пензиските реформи

Над милион милион луѓе во Франција излегоа на улиците против пензиските реформи со кои се предвидува постепено зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години. Демонстрациите, кои се организираа од различни синдикати, беа одржани во различни места низ Франција.

Демонстрантите побараа од Владата да се откаже од овие реформи што беа ратификувани без да се гласа во Парламентот. За време на протестите во Дижон, Рен и Руен настанаа тензии помеѓу полицијата и демонстрантите.

Во Париз, каде што полицијата даде одобрение за одржување протест, дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата. Дел од демонстрантите запалија контејнери за отпад, а ги оштетија и автобуските станици.

Различни синдикати објавија заедничко соопштение во кое се упатува апел за одржување протести во викендот и на 28 март, како и за штрајкување во вторник.

Со реформите се предвидува зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за да се оствари право на целосна пензија. Планот предизвика гнев во јавноста откако беше објавен минатата година, со масовни протести и штрајкови низ целата земја од јануари.

Од друга страна, францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, во изјавата за локалните медиуми истакна дека за време на демонстрациите се приведени најмалку 172 лица, а повредени се 149 полицајци.

Противниците на реформите ја запалија капијата на градското Собрание во градот Бордо.

Дарманин рече дека 140 пожари се изгаснати низ целата земја, а 50 пожари сѐ уште се активни во Париз.

Според организаторите, на демонстрациите во Франција присуствувале 3,5 милиони луѓе, додека според Министерството за внатрешни работи на Франција, оваа бројка изнесува 1 милион 89 илјади лица.

Премиерката Елизабет Борн на Твитер изјави дека насилството и разорувањето на демонстрациите се неприфатливи.

ИЗВОТ: ТРТ Балкан