Над 550 килограми марихуана се украдени од фабрика во тетовско Чегране

На 26.11.2023 година околу 23:00 часот во гостиварската полиција било пријавено дека во фабриката за марихуана за медицински цели во Атар во гостиварското село Чегране, три лица физички нападнале вработен како чувар и одзеле пари и лични предмети од него, по што му се заканиле со пиштол и го затвориле во соба.

Според соопштението, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата на фабриката е отворена и искршени две врати од внатрешноста.

Во консултација и координација со јавен обвинител, екипа на Секторот за внатрешни работи Гостивар извршила увид при што е констатирано дека лицата од внатрешноста на објектот одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.