Русија се противи на можноста за средба на Лавров и Блинкен во Скопје

Американската страна не побара средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен на маргините на средбата на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Македонија.

Заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Рјабков изјави за новинарите, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

„Не, (американската страна не побара) и нема да бара. И средба нема да има – рече заменик министерот“, одговарајќи на прашање на новинар на ТАСС.

Како што пренесува агенцијата, помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, не ја коментирал можноста за релевантни контакти.