Многумина ќе се изненадат кога ќе откријат дека некои намирници кои секојдневно ги консумираме содржат алкохол. Една таква намирница е и безалкохолното пиво, а сето тоа е поради ферментацијата на етанол.
Алкохолот е присутен во многу намирници и пијалаци кои се сметаат за безалкохолни. Со оглед на тоа што се работи за мали и неприметливи количини, не треба да се грижите дека тоа би можело да влијае на вашиот организам и здравје.
Ферментацијата на етанол се користи и во произведувањето на други намирници, а тоа подразбира печива што се прават со квасец. Понекогаш доаѓа до спонтана ферментација која во својот процес содржи алкохол
Научници од Универзитетот во Кајзерслаутерн истражувале кои намирници содржат „скриен“ алкохол. Нивната намера била да покажат колку луѓето се изложени на етанол при секојдневната исхрана.
Ова се нивните резултати:
бургер печива – до 1,28 гр на 100 гр
‘ржан леб – до 0,18 гр на 100 гр
банана (зрела) – до 0,2 гр на 100 гр
круша (зрела) – до 0,04 гр на 100 гр
јогурт од вишни – до 0,02 гр на 100 гр
сок од јаболка – до 0,66 гр по литар
сок од портокал – до 0,73 гр по литар
сок од грозје – до 0,86 гр по литар
Со оглед на тоа што количината на алкохолот во наведените намирници е значително помала во споредба со алкохолните пијалаци, не постои можност од нивната консумација да се испијаните или да стекнете зависност од алкохол.