НАПАДНАТ АМЕРИКАНСКИ ВОЕН БРОД: Нова драма откако британски товарен брод беше погоден во Црвеното Море, ИТНО СЕ ОГЛАСИ ПЕНТАГОН

Според Пентагон, американски воен брод и неколку комерцијални бродови биле нападнати во Црвеното Море !

– Свесни сме за извештаите за напади на УСС Карни и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации штом ќе станат достапни – соопшти Пентагон.

Британската армија, да потсетиме, претходно објави дека имало напад со дрон и експлозии во Црвеното Море , но без детално објаснување.

Пентагон се уште не соопштува кој стои зад нападот.

Да потсетиме, јеменските бунтовници Хути извршија серија напади врз бродови во Црвеното Море и лансираа беспилотни летала и проектили кон Израел по почетокот на конфликтот во Појасот Газа.