Напад во повеќе правци, офанзивата продолжува

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили изминатиот ден извршиле напади во правец на Лиман, Бахмут, Авдеевка, Маринка и Шахтјорск.

На правецот Лиман, украинските сили ги одбиле руските напади, како и кај Бахмут, каде руските војници се обиделе да ја вратат загубената позиција во областа Андреевка, пренесува агенцијата Униан.

Се додава дека биле одбиени и нападите на руските сили во областа Маринка во областа Доњецк, како и во насока на Шахтјорск.

Украинските одбранбени сили продолжуваат со офанзивна операција во правец на Мелитопол, како и офанзивни дејствија во правец на Бахмут, се наведува во соопштението на Генералштабот на украинската армија.