Напад во Тел Авив! Палестинец со кола влета во толпата луѓе а потоа напаѓаше и со нож: Хамас се одмаздува (ФОТО/ВИДЕО)
Во Тел Авив имаше напад во кој најмалку седум лица беа повредени кога автомобил влета во толпа луѓе, а напаѓачот потоа ги избоде луѓето со нож.
,,Скај њуз” наведува дека се верува дека овој напад го извршиле Палестинците, а израелскиот весник ,,Хаарец” наведува дека напаѓачот бил застрелан од цивил кој случајно се нашол таму.
,,Ерусалим Пост” пишува дека напаѓачот откако влетал на луѓетп со автомобил, излегол од возилото и успеал да прободе една жртва во вратот, а потоа бил застрелан.
Хазем Касем, портпаролот на палестинското екстремистичко движење Хамас, рекол дека „херојскиот напад во Тел Авив е првиот одговор на злосторствата на окупацијата врз луѓето во Џенин“, мислејќи на бегалскиот камп на Западниот Брег, која вчера беше нападната од израелски дронови.
„Јерусалим пост“ се повикува и на изјавата на командантот на израелската полиција за областа Тел Авив, кој изјавил дека напаѓачот е Палестинец од Западниот Брег, кој дејствувал сам и влегол на територијата на Израел со дозвола издадена врз основа на медицински наоди.