НАПРАВЕН ПРВИОТ КОНДОМ КОЈ МОЖЕ ДА ГО КОРИСТАТ И МАЖИ И ЖЕНИ – Има една ‘финта’, а погледнете како се користи

Пристигна универзалната заштита! Малезиски гинеколог го создаде првиот кондом што може да го користат и мажи и жени. Изработен е од материјал кој најчесто се користи за покривање повреди и рани во болниците. Неговиот пронаоѓач се надева дека кондомот „Vondaleaf“ ќе ги поттикне луѓето подобро да го контролираат своето здравје, без оглед на нивниот пол или ориентација.

Тоа е во основа обичен кондом со леплива обвивка“, вели Џон Танг Инг Чин, гинеколог во фирмата за медицинска опрема Twin Catalyst

Лепилото се нанесува само на едната страна, што значи дека може да се преврти и да се користи од кој било пол. Секоја кутија содржи два кондоми и ќе чини три евра.

Просечната цена за десетина кондоми во Малезија е 20-40 рингити (помеѓу 4,11 и 8,61 евра). Џон Танг Инг Чин прави кондоми од полиуретан, материјал кој се користи во проѕирните преврски за рани кој е тенок и флексибилен, а сепак силен и водоотпорен. 

Откако ќе го облечете, често не сфаќате дека е таму“, вели тој, мислејќи на облогите направени од материјалот.

Тој објасни дека „Vondaleaf“ поминал низ неколку рунди на клиничко истражување и тестирање и ќе биде комерцијално достапен преку веб-страницата на компанијата овој декември.