Направете капа од шал: Едноставен начин да се загреете на ова време (Видео)

Започна студеното време и зимата, периодот кога носиме капи и шалови кои обично само ги обвиткуваме околу вратот.

Некогаш се заплеткува или само несмасно го ставаме и уште е ладно затоа што некој дел од вратот го „напикавме“ подобро од другиот. Меѓутоа, ако го погледнете следново видео, ќе сфатите дека можете така убаво, елегантно и многу брзо да ставите шал околу вратот, а во исто време да добиете капа за заштита на главата.

Земете го шалот и лабаво завиткајте го околу предниот дел на вратот. Потоа поминете ги двата краја попречно низ „обрачот“ на шалот од дното кон врвот . Ќе добиете „икс“ изглед. Сега е потребно, кога вака сте ја фиксирале марамата, само подигнете го делот зад вашата глава за да ја покриете главата, како да имате качулка.

Погледнете на видеото како тоа изгледа.

И сега, шалот ви го загрева вратот, и имате капата на главата.