При претрес во Велес пронајдени халуциногени печурки и марихуана 

– Полицијата по претходно добиени сознанија и добиена судска наредба, денеска извршила претрес во дом на М.П. (27) од Велес. При претресот се пронајдени халуциногени печурки, пакувања со марихуана и шприц со хашиш смола.

Како што соопшти МВР, дополнително е извршен претрес во куќа која М.П. ја користел, при што се пронајдени банкарски картички, документи со евиденции за продажба на дрога, лап топ компјутери.

– М.П. е лишен од слобода во СВР Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Велес, се наведува во соопштението од МВР.