НАПРАВЕТЕ ПИЦА ЗА 15 МИНУТИ: Вака ја подготвуваат над 5 милиони луѓе, а се пече во тавче (ВИДЕО)

Овој рецепт е најбрзиот начин за правење пица.


Љубителите на италијанската кујна ќе бидат воодушевени од овој рецепт, бидејќи никогаш не било полесно да се направи пица. Таа е готова за околу 10 минути, а наместо да ја печете во рерна, користете тава. Тестото за пицата се прави од само 3 состојки, а за филот можете да користите со каква храна посакувате. Доколку брзате или имате гости, ова едноставно и вкусно јадење е идеалното решение. За овој рецепт ќе ви позавидат дури и италијанските домаќинки.

Состојки:
140 гр брашно
1,5 лажички прашок за пециво
140 мл јогурт
бибер
маслинки
сирење
кечап
Подготовка:
Во сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и јогуртот. Месете го тестото, но не претерувајте. Расукајте со сукало во форма на круг. Ставете го во тавата во која сте го загреале маслото, а кога ќе се испече од долната страна превртете го на другата страна. Горниот дел од тестото премачкајте го со кечап, па посипете го ренданото сирење, како и сечканите маслинки и пиперката. Покријте и печете уште 2-3 минути. Пријатно!