НАСА ОБЈАВИ: Џиновски астероид поминува покрај Земјата

Астероид со големина на облакодер оваа вечер ќе помине релативно блиску до Земјата во космичка смисла, објави НАСА.

Се очекува куп вселенски карпи да бидат на оддалеченост од 2,7 милиони километри од нашата планета, но нема шанси да не удрат, велат од американската вселенска агенција.
Центарот на НАСА за проучување на објекти блиску до Земјата проценува дека астероидот е со големина помеѓу 210 и 480 метри.

Ова значи дека астероидот би можел да биде сличен по големина на њујоршкиот Емпајер стејт билдинг или лондонскиот Шард.

Овој астероид, откриен во 2008 година, повторно ќе биде близу Земјата во 2032 година, а денес е денот кога ќе биде најблиску до планетата.

Кога ќе се врати во 2032 година, ќе биде значително подалеку од Земјата, на оддалеченост од околу 72 милиони километри.

Покрај Земјата денеска ќе поминат и три значително помали астероиди, а нивната големина не е поголема од 10 метри, а утре ќе поминат уште два.