Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека западната воена алијанса мора да биде подготвена за лоши вести од украинскиот фронт додека Киев продолжува да се брани од сеопфатната инвазија на Русија.
„Војните се одвиваат во фази“, рече Столтенберг во интервјуто во саботата за германската телевизија АРД. „Мораме да ја поддржиме Украина и во добри и во лоши времиња.
Мора да се подготвиме и за лоши вести“, додаде Столтенберг, без да биде поконкретен, пишува „Политико “, пренесува Телеграфи.
Неговите коментари доаѓаат додека западните сојузници дебатираат за муниција и финансиска помош за Украина, и додека Москва го зголемува бројот на своите војници.
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша указ за зголемување на бројот на војници за околу 170.000 на вкупно 1,3 милиони.
Столтенберг ги повика членките на НАТО да го зголемат производството на муниција, жалејќи се за фрагментираната состојба на европската одбранбена индустрија.
„Не сме во можност да соработуваме толку тесно како што треба“, рече тој, повикувајќи ги владите да гледаат подалеку од нивните национални интереси.
Победата на Путин не само што би била трагедија за Украина, туку би претставувала и опасност за останатите сојузници, предупреди Столтенберг.
„Колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната.