НАУКАТА ГО НАЈДЕ виновникот: Зошто главоболките од ЦРВЕНО ВИНО се најлоши

Чаша црвено вино е омилен пијалок на многу луѓе бидејќи одлично оди со многу видови храна. Сепак, за некои луѓе дури и една голтка од овој алкохол предизвикува главоболка, а научниците сега утврдија зошто.

Новото истражување објавено во списанието „ Scientific Reports “ испитува зошто црвеното вино предизвикува главоболки кај некои луѓе и заклучи дека главниот виновник е содржината на флавоноидите, поточно кверцетинот и начинот на кој тоа влијае на метаболизмот.

Кверцетинот е антиоксиданс кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот, но кога се комбинира со алкохол, може да предизвика многу несакани ефекти, како што се главоболки.

Што точно предизвикува главоболка?

– За разлика од белото вино, црвеното вино содржи танини и хистамини, кои се дополнителни фактори кои придонесуваат за појава на главоболки, а кверцетинот е само дополнителен виновник за честите главоболки – објаснува д-р Мериен Мејс, невролог од Клиниката во Кливленд.

Самиот кверцетин не е проблемот, туку што се создава кога го мешаме со алкохол. Кога овој флавоноид ќе дојде во контакт со алкохолот за време на метаболизмот, тој се претвора во друга форма, имено кверцетин глукуронид (гликозидно соединение на глукуронска киселина), што потоа предизвикува проблеми, објаснуваат експертите.

Главоболка, мозок, мозочен удар

Истражувачите утврдиле дека овој тип на метаболизам доведува до акумулација на ацетилдехид, познат отров, во телото. Предизвикува класични симптоми како црвенило, главоболка и гадење, кои обично го придружуваат консумацијата на црвено вино .

– Кога консумираме алкохол, нашите тела забрзано работат за да го одделат алкохолот во неговите соединенија за полесно да го исфрлат. Едно од тие соединенија е ацетилдехидот, кој е главниот виновник за мамурлакот. За среќа, нашето тело самото произведува ензим кој го уништува, а тоа е алдехид дехидрогеназа – објаснува д-р Нејт Вуд, интернист од Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил.

Дериватот на кверцетинот кој се наоѓа во црвеното вино, наречен кверцетин-3-глукуронид, може да го има истиот ефект. Новите истражувања покажуваат дека тој всушност ја блокира работата на алдехид дехидрогеназата, па не може да го исфрли кверцетинот, а ацеталдехидот се акумулира, што доведува до главоболки.

Како да ја намалите можноста за главоболка од црвено вино?

  • Избегнувајте црвено вино, консумирајте бело (или барем намалете ја количината).
  • Изберете квалитетни вина, бидејќи евтините може да содржат шеќер.
  • Избегнувајте црвено вино на празен стомак.
  • Следете го правилото „1 на 1“ – по чаша вино следува чаша вода, или голтка вода по голтка црвено вино.