“НАША СВЕТА ДОЛЖНОСТ Е ДА ПОМОГНЕМЕ“ – Владимир Путин се огласи за настаните во Појасот Газа

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес преку видео-средба со руската Влада, посочи дека околу 900 луѓе побарале да бидат евакуирани од Појасот Газа во Русија.

Неопходно е да им помогнеме на луѓето во Појасот Газа кои страдаат од актуелните настани, особено на Русите, тоа е наша света должност“, порача Владимир Путин.

Ова е многу важна, хуманитарна, благородна мисија. Треба да им помогнеме на луѓето кои страдаат поради актуелните настани. Гледаме што се случува таму. Затоа наша света должност е да помогнеме, особено на нашите граѓани“, истакнал Владимир Путин, пренесува руската медиумска агенција РИА Новости.

Првиот човек на Министерството за вонредни ситуации на Русија, Александар Куренков, го информираше претседателот на државата за испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа.