НАЈБОГАТАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ 7 ГОДИНИ НОСИ ИСТ КАПУТ: Никој не може да и каже дека веќе излезе ОД МОДА
Ники Хилтон Ротшилд е една од најбогатите жени во светот која сака да носи капут со леопард принт секоја есен.
Со првите денови од есента, Ники Хилтон Ротшилд среќно носи капут со леопард принт повеќе од 7 години . Една од најбогатите жени во светот не се навраќа на модните трендови и го носи она што сака.
Некогаш со фармерки, некогаш со сиви панталони, балетанки или чизми – Ники сака да носи капут во овој впечатлив дезен.
Така беше и деновиве кога излезе пред зградата во која живее во Њујорк облечена во капут со леопард принт, кожна чанта Марк Џејкобс во рацете, црни фармерки и рамни чевли .
Кога Ники се омажи за Џејмс, оваа двојка обедини две од најбогатите семејства во Америка – Хилтон и Ротшилд.
Џејмс Ротшилд е вториот сопруг на Ники Хилтон, а тој е исклучително успешен бизнисмен чие богатство надминува 1,3 милијарди долари.
Двојката има три деца: две ќерки и еден син, а заедно се појавуваат насекаде, покажувајќи им на сите како се хармонично и среќно семејство.