Најдено црното Ауди 6 од “Ист Гејт”, Раде Штекли со “девет животи”, истрагата ја анализира “средбата” во Дојран еден ден пред убиството во Ханиоти!? (Видео)

Црното ауди 6 со кое човекот кој пред една недела пукаше во Раде Трајковски Штекли го напушта местото на пукањето е најдено во близината на Сарај. Во тој момент во аудито веќе се наоѓаат две лица, а по претстрелката во трговскиот центар Ист Гејт лицетот од потерницита влегува во истото и заминува во правец на пластичарската улица во Скопје. Тоа го покажуваат снимките од безбедносните камери.

Неколку дена полицијата не можеше да влезе во трагата на возилото, но тоа е најдено во близината на Сарај, што може да биде тактика на луѓето кои го нарачале или го организирале пукањето во Штекли. По убиствата во Шиша бар возилото со кое пукачите го напуштаат местото подоцна е најдено во Топанско поле што требаше да асоцира на можно учество на припадници на кланот Барон во таа операција. Со наоѓање на црното ауди 6 во Сарај како да сака да се сврти вниманието кон кланот Грчец. Ако се сака да се сугеруира дека извршителите избегале во Косово тогаш возилото се остава некаде пред македонско косовската граница и тоа се познати техники на подземјето кога сакаат да ја насочат истрагата во погрешен правец. Само возилото со кое извршителите на убиството во Ханиоти доаѓаат на местото на пукањето не е пронајдено.

Вчера беше објавена фотографија од Раде Трајковски Штекли на “домашно лекување” на која е тој насмеан и како да сака да испрати порака дека ништо не му можат и дека е подготвен тој да повлече потег. И второто лице кое беше рането во Ист Гејт, Д.Т. познат кака Колумбо од Дифтар маало во Скопје е во стабилна состојба.

Истрагата сега ги истражува индициите дека еден ден пред убиството во Ханиоти имало средба во Дојран и дали последните случувања во подземјето имаат врска со убиствата во Шиша бар и во Ханиоти.

Ова е дел од анализата во емисијата Во Центар која беше објавена на YouTube, целата анализа трае 41 минута, и можете да ја погледнете на следниот линк: