ОД РАЈ НА ЗЕМЈАТА ДО ПЕКОЛ – Црн баланс од пожарот што ги зафати Хаваи: Најмалку 89 лица мртви, а штетата се мери во милијарди…

Бројот на загинати во пожарите што го зафатија островот Мауи на Хаваите се искачи на 89, а локалните власти соопштија дека потрагата и идентификацијата на жртвите се уште е во рана фаза.

Ова е најголем број жртви во еден шумски пожар во последните 100 години.

Спасувачките тимови со кучиња пребарале само три отсто од областа, соопштил началникот на полицијата во Мауи, Џон Пелетиер.

Тој предупредил дека бројот на жртви ќе се зголемува и дека се уште никој не знае колку може да има.

Најмалку 2.200 објекти беа оштетени или уништени во Западен Мауи, од кои 86 отсто беа станбени.

Штетата на целиот остров била проценета на околу шест милијарди долари.