ФОТО | Претрес во Куманово, приведен криминалец, пронајдени повеќе видови дрога

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје и Отсекот за општ криминалитет при СВР Куманово денеска во 11:30 часот го лишиле од слобода А. Љ. (27) од Куманово, кај кого биле пронајдени повеќе видови дрога.

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени марихуана, таблети, амфетамин, дробилка, дигитална вага и поголема сума на пари во различни валути и апоени. Додека, при преглед на неговото возило „мерцедес“ биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело“, се вели во соопштението од МВР.

А.Љ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.