НАЈДОБРИТЕ ПИРОШИ СО СИРЕЊЕ: Вкусни се, воздушести и меки, никој не може да им одолее! Идеални за ручек (РЕЦЕПТ)
Пирошката со сирење се идеални за ручек со шолја јогурт.
Состојки:
- 1 јајце
- 1/2 чаша јогурт
- 1/2 чаша млеко
- 1 лажица масло
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 300 гр брашно
- 1/2 коцка квасец
Полнење:
100 гр сирење
Подготовка:
Во млако млеко додадете шеќер, лажичка брашно и квасец и оставете неколку минути. Кога ќе почнат да се создаваат меурчиња, додадете јајце, масло и јогурт и измешајте. Додадете брашно и сол и замесете меко тесто. Оставете да нарасне 45 минути. Расукајте со сукало до дебелина од околу 1 см. Се сече на правоаголници и се става издробеното сирење по подолгиот раб. Свиткајте го секој правоаголник и малку притиснете ги рабовите на тестото за да не истече кашкавалот. Оставете ги да одморат околу 15 минути и пржете ги на врело масло додека не поруменат од двете страни.