Санкции за 21 возач на подрачјето на СВР Битола, возеле под дејство на алкохол

При акциска контрола на полицијата на подрачјето на СВР Битола синоќа биле санкционирани 21 возач кои возеле под дејство на алкохол. 

– Во текот на изминатата вечер во периодот од 23 до 04 часот, на подрачјето на СВР Битола, била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 21 возач. За време на контролата биле санкционирани и шест други видови прекршоци, се појаснува во денешното соопштение на МВР