Две лица загинаа, а 29 се повредени при денешната руска артилериска стрелба врз украинскиот град Славјанск во делумно окупираната област Доњецк.
Видеоснимките покажуваат оштетени станбени згради и изгорени автомобили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски гранатирањето го нарече „тероризам“.
Во текот на изминатите 24 часа десетици градови и села во регионот на Доњецк беа гранатирани од руските сили, соопшти Кабинетот на Зеленски.
Руски ракети утрово го погодиле градот Авдевка, при што биле оштетени станбени згради, хотел и судска зграда.