Во поплавите што го погодија индонезискиот остров Суматра загинаа најмалку десет луѓе, а уште толку се водат како исчезнати.
Обилниот дожд предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Западна Суматра, каде околу 46.000 луѓе мора да се сместат во привремени засолништа.
Најмалку 14 куќи се затрупани, над 20.000 домови се поплавени, а осум мостови се урнати од надојдената вода.