Најмалку 30 лица повредени во невремето во Германија! Бурата кршеше дрвја, оштети згради, дрво падна врз автомобил а внатре имаше жена (фото/видео)
Најмалку 30 лица се повредени во невремето во Кисинг во Баварија, на околу 10 километри југозападно од Аугсбург во јужна Германија, јавија локалните медиуми.
Невреме придружено со силни ветришта урна пивски шатор, при што шест лица се здобиле со сериозни повреди додека се обидувале да се држат за шаторот и покрај силните налети на ветерот, пишува весникот Augsburger Allgemeine.
Итната помош им укажала на повредените и повикала хеликоптер да ги пренесе оние со посериозни повреди во болница.
Невремето собори дрвја и расфрлаше отпад низ областа Швабен, а зградите и автомобилите беа оштетени.
Властите соопштија дека една постара жена била повредена кога дрво паднало врз нејзиниот автомобил.
Полицијата и пожарникарите интервенирале по повик за поплавени тунели и подруми, а во акциите на терен учествувале сто припадници на итната помош, меѓу кои 70 спасувачи и 30 пожарникари.
Од невремето особено беше погоден домот за стари лица Хаус Габриел во Кисинг, па околу стотина жители мораа да ја напуштат зградата.
Невремето го погоди и Фридберг, град со околу 30.000 жители, каде некои патишта мораа да бидат затворени откако водата ги поплави.
Прекин на струја имаше и во градот, а во прекин беше и телефонската мрежа.
Градот направи голема штета во тој крај. „Урбаното подрачје е под вода“, изјави командирот на градската противпожарна станица, Мајкл Гајгер.