Најмалку 400 починати во епидемија на колера во Замбија

Повеќе од 400 луѓе починаа, а повеќе од 10.000 се заразени во епидемија на колера во Замбија, што ги натера властите да одлучат училиштата ширум земјата да останат затворени и по распустот.

Владата на Замбија, исто така, иницира програма за масовна вакцинација и се обидува да обезбеди околу 2,4 милиони литри чиста вода дневно.

Голем фудбалски стадион во главниот град Лусака е претворен во медицински центар, а Националната агенција за управување со катастрофи раководи со медицинските операции.