Најмалку 7 лица се ранети во оружен напад во американскиот град Бостон

– Во оружен напад ова утро во бостонската населба Дорчестер , во САД, ранети се најмалку 7 лица, објави американската полиција.

Сите 7 лица се префрлени во локалната болница со повреди кои не се опасни по живот, изјави полицаецот Мајкл Ториџан.

„Огненото оружје е пронајдено и спроведено е приведување. Истрагата е во тек“, рече Ториџан.

Полицијата примила повик во 7:44 часот по локално време, при што е пријавено дека повеќе луѓе се ранети од огнено оружје.