Тежок удар за Украина! Тројца пилоти загинаа во тешка авионска несреќа, меѓу нив легендата на авијацијата

Украинското Државно истражно биро соопшти дека е покрената истрага за авионската несреќа што се случи вчера над регионот Житомир.

Во несреќата загинаа тројца пилоти на украинските воздухопловни сили, меѓу кои и пилот познат по прекарот „Џус“. Бил член на 40-та тактичка воздухопловна бригада.

Достапните информации покажуваат дека два авиони за борбена обука L-39 се судриле на небото над регионот Житомир.

Во моментов се вршат примарни истраги, теренска, сослушување на сведоци, а наредени се и неколку вештачења, пишува Украинска правда.

Аеро Л-39 Албатрос е млазен авион за обука произведен во Чехословачка. Првиот лет го направи на 4 ноември 1968 година. Во 1972 година, тој беше избран за главен авион за обука на земјите од Варшавскиот пакт. Сериски се произведувал до 1999 година, а биле изградени вкупно 2.868 авиони. Се користи во повеќе од 30 земји низ светот. Должината на трупот е 12,13 метри, распонот на крилата е 9,46 метри. Максималната брзина на L-39 е 761 километар на час, практичниот опсег на летот е 1650 километри, а практичниот плафон е 12 илјади метри.